Posts

Showing posts from June, 2026

Nail Anatomy - антомија на ноктот, затоа што се си има своја функција

Image
 Дали сте се запрашале каква анатомија имаат вашите нокти? Или пак прстите? Не баш, нели...нема да се запишуваме на медицина? Да, но сакате да имате убави и здрави нокти, а тоа не оди така кога не сме запознаени барем со основните делови кои со сочинуваат ноктот. За да имаме здрави, негувани нокти, да знаеме како да пристапиме за да не направиме штета, мора да се знае барем основна анатомија на ноктите и прстите. Кога започнуваме да се занимаваме со некоја професија, почнува од основата.  На сликата се обележани сите делови, па да ги објасниме тие поглавните да ви стане појасно. Да почнеме од делот каде што нашиот нокт започнува да се создава, тоа е NAIL MATRIX. Здрав матрикс создава здрав нокт, тој може да се оштети со неправилна нега, односно со насилна работа на тој дел со електрична турпија или непрофесионална обработка кога не знаеме колкав притисок треба да има кога се одстрануваат - "одлепуваат" кутикулите од површината на ноктот, здравствени проблеми, јак удар со пред...

Маникирот како основна нега

Image
 Дали професионалниот маникир е основно нешто кое треба секоја жена да го има или пак непотребен луксуз? Денес, секоја втора жена можеме да забележиме дека има некаков маникир на своите раце. Без разлика каков е, дали е тоа класичен маникир, гел лак, гел, акрил или пак продолжени нокти. Искрено, се радувам на тоа што жените се негуваат и се грижат за своето здравје, па и убавина. Здравје, се разбира... затоа што средени нокти и кутикули е веќе пола здравје. Кога рацете изгледаат чисто и средено сето друго останато изгледа поинаку. Грижата за изгледот на ноктите и негата на рацете не се луксуз, тоа е потреба која треба секој да ја практикува. Тоа не значи дека секогаш треба да имате гел, акрил на своите нокти, или пак, тие да се продолжени, напротив и класичниот маникир на природните нокти е доволен кога е професинално и убаво среден.  Ноктите се огледало на нашето тело, на нашето здравје. Секоја промена во нашето здравје, се одразува на ноктите. Тие стануваат меки, кршливи, се...