Маникирот како основна нега

 Дали професионалниот маникир е основно нешто кое треба секоја жена да го има или пак непотребен луксуз?


Денес, секоја втора жена можеме да забележиме дека има некаков маникир на своите раце. Без разлика каков е, дали е тоа класичен маникир, гел лак, гел, акрил или пак продолжени нокти. Искрено, се радувам на тоа што жените се негуваат и се грижат за своето здравје, па и убавина. Здравје, се разбира... затоа што средени нокти и кутикули е веќе пола здравје. Кога рацете изгледаат чисто и средено сето друго останато изгледа поинаку.


Грижата за изгледот на ноктите и негата на рацете не се луксуз, тоа е потреба која треба секој да ја практикува. Тоа не значи дека секогаш треба да имате гел, акрил на своите нокти, или пак, тие да се продолжени, напротив и класичниот маникир на природните нокти е доволен кога е професинално и убаво среден. 


Ноктите се огледало на нашето тело, на нашето здравје. Секоја промена во нашето здравје, се одразува на ноктите. Тие стануваат меки, кршливи, се листаат, променуваат боја. Во моето искуство сум се сретнала со секакви состојби на ноктите и секогаш кога имало некоја промена на структурата на ноктот, тоа всушност била промена во здравствената состојба. Не велам дека јас сум експерт за вашето здравје, но некогаш можам и јас да ви помогнам за да се обратите на правото место за да може да се реагира на време. Кога структурата на ноктот е нарушена, и мојата работа нема да е иста на таков нокт. Ноктите со слаба структура, не секогаш се лесни за работа и за мене, затоа што материјалот кој треба да биде ставен на ноктната плочка нема да стои како на здрав нокт.


На сликата може да се видат причините за изгледот на ноктите. Но, да напоменам дека не секој пат овие промени значат дека вие мора да имате некаков проблем со здравјето, затоа при секоја промена најдобро е да се посети лекар.


Се надевам дека некои работи се веќе појасни... И да, следи прашањето, дали тие се луксуз? Па, размислете и одлучете сами ;)


Јас се согласувам дека се до некаде луксуз, но исто така тврдам дека се дел од вашето здравје, бидете внимателни со нив. Не секој треба да се грижи за вашите нокти и кутикули.



Comments

Popular posts from this blog

Добредојдовте во The Callisto Nail Method: професионален пристап кон современиот маникир

Nail Anatomy - антомија на ноктот, затоа што се си има своја функција