Добредојдовте во The Callisto Nail Method: професионален пристап кон современиот маникир

Добредојдовте на мојот блог посветен на маникирот, професионална нега на нокти, техники на nail art, како и техники за изработка на нокти. 

Јас сум Марија Тодороска, автор на овој блог, ментор и наил артист со долгогодишно искуство во светот на маникирот. Успешно самостојно водам салон од 2017год, постојано ги следам најновите трендови во маникирот. За квалитетот и посветеноста кон работата говорат освоените награди и пехари за први места на меѓународни натпревари во областа на ноктите.

Овде ќе споделувам совети, препораки за материјали, техники, трендови, како и реални искуства од светот на маникирот.

На блогот исто така ќе можете да најдете совети за правилна нега на ноктите и кожата, техники на зацврстување на природни нокти, идеи за nail art, најчести грешки, трендови во светот на маникирот, совети за почетници и за напредни наил артисти. 

Го започнав овој блог затоа што маникирот е многу повеќе од убав дизајн, правилната нега, техника и точниот материјал прават огромна разлика.


Следете го блогот за нови совети, техники и инспирации поврзани со маникирот.


Comments

Popular posts from this blog

Маникирот како основна нега

Nail Anatomy - антомија на ноктот, затоа што се си има своја функција