Nail Anatomy - антомија на ноктот, затоа што се си има своја функција

 Дали сте се запрашале каква анатомија имаат вашите нокти? Или пак прстите?

Не баш, нели...нема да се запишуваме на медицина? Да, но сакате да имате убави и здрави нокти, а тоа не оди така кога не сме запознаени барем со основните делови кои со сочинуваат ноктот.





За да имаме здрави, негувани нокти, да знаеме како да пристапиме за да не направиме штета, мора да се знае барем основна анатомија на ноктите и прстите. Кога започнуваме да се занимаваме со некоја професија, почнува од основата. 

На сликата се обележани сите делови, па да ги објасниме тие поглавните да ви стане појасно.


Да почнеме од делот каде што нашиот нокт започнува да се создава, тоа е NAIL MATRIX. Здрав матрикс создава здрав нокт, тој може да се оштети со неправилна нега, односно со насилна работа на тој дел со електрична турпија или непрофесионална обработка кога не знаеме колкав притисок треба да има кога се одстрануваат - "одлепуваат" кутикулите од површината на ноктот, здравствени проблеми, јак удар со предмет. Но, со правилна нега нема да има трајно оштетување на матриксот.

Потоа како ноктот си расте, од коренот забележуваме дека имаме тенка кожичка која што е залепена на ноктот. Таа кожичка ни е кутикулата која ја има една од најважните улоги. Таа го штити ноктот од надворешни влијанија, тоа се прашинки, бактерии кои можат да доведат до инфекции. Тој дел кога е пораснат сите ние го мразиме, нели? Затоа што ни зафаќа голем дел од ноктот и изгледа неуредно, а пак кога е таа сува и испукана уште полошо изгледа. Тој дел може да се одстрани, внимателно, јас го правам тоа со електрична турпија но се разбира не целиот тој дел треба да го исечеме. Се одстранува само мртвиот дел, кој нема живи клетки во него. Тоа не ви препорачувам сами да го правите дома. Лошата обработка на кутикулите, може да доведе до инфекција, а тоа води кон лекар па може да завршите со терапија. 

Следно ни е плочката, лежиштето на ноктот, NAIL BED. Тоа е вашата природна плочка која има розевкаста боја поради бројните капилари кои се наоѓаат под самиот нокт. Врз тие бројни капилари се наоѓа ноктот, кој е создаден од МРТВИ клетки, кератински ќелии. Таа има различен облик кај секој, тоа не може да се смени, природниот раст на ноктот никој не може да ви да смени, може само да се направи реконструкција со помош на материјалот за тоа да изгледа убаво. 

Од страните на ноктната плочка се наоѓаат страничните кутикули, каде често имаме малку позадебелена кожа, која исто така внимателно се обработува со посебни додатоци кои се ставаат на електричната турпија. Задебелената кожичка на страничните кутикули се прави како резултат на нередовна нега не кожата околу ноктот, употреба на средства за хигиена, јаки хемии за чистење, грицкање. Редовната нега со креми и масла за кутикули може да спречи пукање на кожата, суви кутикули.

Овие се најосновните делови со кои клиентите треба да се запознаени, за подетално, тоа е работа на наил артистот. Неправилна нега, неправилна работа, водат кон едно нешто - оштетени нокти, оштетени кутикули за кои ќе треба многу време да се среди и да се вратат во нормална состојба, а во најлош случај, нема назад. Некои остануваат со трајни штети. Не се поправа.

Денес секој може да прави нокти, но ретко кој е запознаен со последиците на неправилна работа. И тоа е на штета на клиентите. 

Текстот не е ChatGPT пишуван, се што содржи е пишувано од мое лично искуство, едукации и семинари кои сум ги посетувала. 

До следно читање, не заборавајте да го заследите мојот профил на инстаграм studio_callisto и facebook "Studio Callisto", доколку нешто повеќе ве интересира обратете се таму :)

Comments

Popular posts from this blog

Добредојдовте во The Callisto Nail Method: професионален пристап кон современиот маникир

Маникирот како основна нега